Синоќа во продажен објект во градскиот парк во Скопје две лица извршија разбојништво со огнено оружје.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и тим на Единицата за брзо распоредување синоќа лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје. На 29.11.2024 околу 20:30 часот полициски службеници од ЕИП постапија по претходна пријава за кривично дело “разбојништво”, кое во моментот се вршело во продажен објект во градскиот парк во Скопје.
Во моментот на пристигнување на полициските службеници, сторителите се затекнати како излегуваат од маркетот, со огнено оружје во рацете, а од страна на полициските службеници им биле издадени наредби да застанат и да го фрлат оружјето, но разбојниците се дале во бегство, при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели и ги стигнале и совладале сторителите.
Тие се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава.