Грчката полиција го идентификуваше убиецот на водачот на нарко кланот „Дуќанџик“ Орхан Бајрами – Оки кој беше ликвидиран минатата година во Ханиоти. Станува збор за лицето Гани Марку кој веќе се наоѓа во притвор во Скопје бидејќи е осомничени за двојното убиство во „Шиша бар“ во старата скопска чаршија.
Грчките власти ќе бараат екстрадиција на триесет и две годишниот Марку иако повеќе од извесно е дека нему ќе му се суди во Скопје. Според официјалните податоци на грчката полиција Марку со уште едно лице, маскирани со фантомки, дошле до вилата каде што бил Бајрами со неколку лица и почнале да пукаат од неспоредна близина. Бајрами е убиен а негов пријател е ранет.
Гани Марку, се презивал Туша пред да го смени презимето, повратник е од Сирија каде се борел во редовите на терористичката „Ал Нусра“ и е осомничен за ликвидацијата на Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов-Љаци, во „Шиша бар“. Кривањева беше еден од најблиските соработници на Бајрами и високо во хиерархијата на криминалниот клан. Тој беше уапсен на 8 август минатата година и се сомничи дека учествувал во купопродажбата на автомобилот „Ауди“, возилото со кое убијците дошле до „Шиша бар“ , а потоа го запалиле.
Војната меѓу двата во моментов најсилни криминални нарко групи во Скопје „Дуќанџик“ и „Беланоца“ продолжи со ликвидацијата на Блерим Даци во Приштина, член на „Беланоца“ и еден од осомничените за двојното убиство во скопската чаршија а потоа беше ликвидиран и Бајрами.
Војната продолжи со двата неуспешни обиди за ликвидација на Раде Трајковски – Штекли во Скопје