(Фото) Уапсени полицајци во Битола – се сомничат за злоупотреба на службена должност

Полицајци од СВР Битола, Б.Б. (чиј дом беше претресен) и Љ.К. (кој направил проверки за министерот Панче Тошковски), се уапсени под сомнение за сериозни злоупотреби на службени овластувања. При претресот кај Б.Б. се пронајдени пиштол, револвер, големо количество муниција, службени документи со класифицирани информации, како и повеќе од 20.000 евра.

Полицајци од СВР Битола, Б.Б. (чиј дом беше претресен) и Љ.К. (кој направил проверки за министерот Панче Тошковски), се уапсени под сомнение за сериозни злоупотреби на службени овластувања. При претресот кај Б.Б. се пронајдени пиштол, револвер, големо количество муниција, службени документи со класифицирани информации, како и повеќе од 20.000 евра.<

На 24 јануари 2025 година, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС), во соработка со СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, изврши претрес на домот на полицискиот службеник Б.Б. во Битола. Претресот е спроведен поради сомнение за кривично дело „оддавање службена тајна“, според член 360 од Кривичниот законик.

„При претресот, полицијата пронајде пиштол, револвер, две рамки за пиштол, 321 парче разновидна муниција, над 20.000 евра, како и службена документација. Документите содржеле класифицирани информации, меѓу кои оперативни извештаи за гранично работење и анализи на рути за мигранти“, велат од полицијата.
Според Министерството за внатрешни работи (МВР), против Б.Б. е поднесена кривична пријава, а судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Во службените простории на Регионалниот центар за гранични работи Југ, во кругот на СВР Битола, полицијата одзеде десктоп компјутер за понатамошна постапка. При увидот, било утврдено дека полицискиот службеник Љ.К. со својата службена шифра вршел контроли во системот за проверка на патници и возила.

Љ.К. признал дека ги направил проверките за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Веднаш бил лишен од слобода и задржан во полициската станица Битола. Следниот ден, на 25 јануари, по наредба на Основниот суд во Битола, е извршен претрес и во неговиот дом, при што се пронајдени два USB-уреди и еден мобилен телефон.

„Случајот е во тек, а по насоки на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), продолжуваме со преземање дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на овој кривично-правен настан“, соопшти МВР.