
Трилинг имаше можност да го посети местото (дискотеката) „Пулс“ во Кочани каде што се случи трагедијата во која животот го загубија 59 лица а над 140 се повредени.
Она што можевме да го забележиме е дека истата е обезбедена со полициско присуство. Од МВР не дозволија да се снима видео материјал бидејќи истрагата се уште трае.
Кочанчани гневот за големата несреќа пред малку го истурија врз кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката.
(Видео) Демолиран кафе барот чиј сопственик е истиот од дискотеката во Кочани
Како што јави „Трилинг“ во Кочани во 13 часот започна протест на кој се бара одговорност за трагичната несреќа што се случи во неделата.
Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“….
Полупразни беа улиците, без многу посетители во кафулињата и рестораните, и го немаше вообичаениот џагор во училишните дворови и во детските паркови.
Граѓаните мирно и достоинствено, во Паркот на Револуцијата палат свеќи и носат цвеќе, оддавајќи им почит на жртвите во трагедијата.
(Видео+Фото) Трилинг во Кочани: Лелеци, солзи, неверување еден ден по трагедијата