Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска доживеа изненадување кога две девојки, кои наводно сакале да се сликаат со него, наеднаш ги соблекле кошулите и останале топлес.
Германски „Блид“ пренесува дека Шолц реагирал смирено. Неговото обезбедување брзо реагирало и ги одвело жените кои извикувале пароли, главно неразбирливи.
Се наведува дека активистите побарале да се забрани увозот на руски гас, а пораката на нивните тела гласи „Ембарго на гас, сега“.
What a lovely Sunday in Germany today @Bundeskanzler pic.twitter.com/E3sTOXarMX
— wonderfella (@acanvasstares) August 21, 2022