(Фото) Со флаери во сандачиња МПЦ-ОА повикува на масовност на сенародниот протест

Црквата повикува на масовност за сенародниот собир во однос на предлог законите за родова еднаквост и матична евиденција, а за мобилизација МПЦ-ОА дели флаери по сандачиња низ зградите во главниот град.

Како што објави познатиот Инстаграм профил Боемот, тој објави фотографии од зградите во Општина Аеродром каде црквата преку флаери пробува да ја зголеми масовноста на маршот во четврток.

Боемот известува од терен 🚨 Вака изгледаат зградите низ Општина Аеродром, црквата се мобилизира во пресрет на маршот во четврток! 👏 Се гледаме пред Соборниот храм! 🔔, напиша Боемот на својот Фејсбук профил.

За оваа тема денеска се обрати и викарниот епископ Стобиски г. Јаков кој на прес-конференција вели дека правото на протест е демократско право. Додава дека, одлуката да протестираат ја донеле како резултат на игноратскиот однос од власта кон соопштението од МПЦ, но и од другите верски заедници во Македонија кое се однесува на овие два закони.

Епископот Јаков Стобиски потенцира дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, на овој протест, бидејќи, вели, тој е насочен исклучиво против содржината на овие закони.

-Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.

Тој појасни дека МПЦ не е против остварувањето на нечии права туку сметаат дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.

Претходно црквата се обрати и со прес-конференција каде велат дека повикуваат на мирен протест со кој бараат да се ипочитуваат нивните барања.