(Фото) Со име и презиме: Во штаб на ВМРО-ДПМНЕ се договараат како да ги „зезнат“ на седницата за ЈСП Скопје

Советникот во Град Скопје и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Стефан Андоновски се договора со ПР тимот во штабот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои член е и екс-пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски како да ги „зезнат“ оние кои чекаат плата од ЈСП, објави Инфомакс.

Во групата членови се извесна Иванка и извесен Никола Дудуловски!

Дудуловски му пишува на Андоновски: Мислев на одлуката со која ќе им се дадат пари на ЈСП? Ако не е ВМРО да ги зезне да ги зезнеме и сеа ние да предложиме.