Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува во Хрватска, каде што в понеделник во Ријека ќе се судри со селекцијата на оваа земја. Овој пријателски меч ќе биде еден од двата во јунскиот репрезентативен циклус.
Македонските фудбалери пристигнаа во Ријека и таму имаа срдечен дочек од музичка ѕвезда. Стануваше збор за екстра популарната Северина Вучковиќ, која си доби и посебен подарок. За хрватската ѕвезда ФФМ изработи дресови со нејзиното име, а ѝ беа врачени од страна на Александар Трајковски и Столе Димитриевски.