Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани кој избега од домашен притвор во Скопје веројатно е веќе во Косово.
Извесен Несрет Шашивари на социјалните мрежи сподели фотографија со Рамадани, која наводно е направена вчера во Косово.
На постот на Фејсбук пишува: „Чичко Блерим Рамадани, добре дојде дома, во нашиот роден град“.
Засега нема ниту потврда, ниту демант дека Рамадани се наоѓа на Косово
Македонското МВР најави распишување централна потерница.