(Фото) Последните фотографии на Метју Пери – снимен е неколку дена пред да почине

Актерот Метју Пери почина во саботата во својот дом во Лос Анџелес.

Актерот најпознат како Чендлер од „Пријатели“ доживеал срцев удар, а иако присутните во неговата куќа повикале брза помош, тој не можел да биде спасен.

Последните фотографии на Метју Пери (54) се направени пред една недела пред популарен ресторан во Лос Анџелес. Тој последен пат е фотографиран на 21 октомври, кога бил на вечера со пријател во еден од неговите омилени ресторани, „Apple Pan“.

Метју беше облечен во темни панталони и сива маичка, ги криеше очите зад очилата за сонце, додека имаше сериозен израз на лицето. Извори од органите на редот потврдија дека актерот од „Пријатели“ се удавил и бил пронајден во топла када во неговиот дом во Лос Анџелес, откако итната помош била повикана на местото на настанот поради срцев удар.

Наводно, два часа пред трагедијата, тој одиграл натпревар со пиклбол, игра слична на тенис, по што го испратил својот асистент да извршува некои работи.

Кога се вратил асистентот го нашол во несвест и повикал брза помош, пренесуваат медиумите.