(Фото) Портрет на Џафери поставен во владата

На ѕидот во владата каде стојат портретите на премиерите на државата од неодамна е закачен и портрет на Талат Џафери, актуелниот технички премиер кој иако има и пратенички мандат се уште ја извршува функцијата- претседтел на влада.

Портретот на Џафери е поставен на нов дел од ѕидот откако претходниот простор е пополнет со три слики на претседателите на влада од последниот мандат на СДСМ.

Џафери е трет технички премиер чиј портрет стои во владата и прв премиер од албанската етничка заедница.