(Фото) Обилните дождови ги наполнија реките: Кои мостови се пред опасност да паднат?

Многу реки го надминаа својот максимум, а неколку мостови ширум државава се во опасност од паѓање. Токму на оваа тема ТВ Телма изработи мапа

Обилните дождови ги наполнија реките во североисточна Македонија, но водената буица која почна од Крива Река преку речните корита се спушта кон југ.

Водениот бран се пренесе на реката Пчиња, а фотографијата е мостот во истоименото село Пчиња во општина Куманово. Тој е во опасност од паѓање и е главна врска на жителите со Куманово.

Водената маса не застана тука и Пчиња ја пренесе во Вардар во кој се влева кај Катланово.

Меѓу првите на удар беше Велес и селото Уларци во Градско.

Мостот кој го поврзува Уларци со Градско и жителите го користат секојдневно исто така е во опасност од уривање од надојдените води.

-Опасно е да се движи покрај Вардар во овие моменти, изјави за Телма градоначалникот на Градско, Кире Нацков.