Раскрсницата кај Мавровка и комплексот судови е заглавена за правците кон Ист Гејт и кон Чаир, а автомобили стојат и на самата раскрсница додека возачи се расправаат бидејќи има минимален проток на возила.
Големи колони има и на мостот од МАНУ кон Веро Џамбо. Колоната автомобили во тој правец чека и по неколку пати на семафор.
Дополнително и во правец кон Транспортниот центар, Булеварот е полн со автомобил, додека улицата која води од мостот Беласица кон Транспортниот центар се реновира.