(Фото) Неколку илјади Македонци ќе ја бодрат репрезентацијата вечер на Малта

Неколку илјади македонски навивачи, дел дојдени во Ла Валета специјално за натпреварот на Македонската фудбалска репрезентација со Малта, а дел наши граѓани кои работат во оваа острвска земја, вечер на стадионот Та Али ќе ги бодрат домашните репрезентативци.

Фејсбук страницата „Приказни од Булеварот“ објави каква е атмосферата таму, а македонската песна ечи на островот.

Тие веќе низ градот ги развиорија македонските знамиња и запалија факели подготвувајќи се за петтиот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024, закажан за 20.45 часот.

Селекцијата на Малта е и единствената против која избраниците на Благоја Милевски обезбедија победа досега во циклусот.