Дождот проследен со силен ветер кој половина час паѓаше во главниот град успеа да ја парализира метрополата.
Поплавени се сообраќајници, комплетно блокирани булевари, подвозниците се целите под вода, а водата освен во дворовите и подрумите навлезе и во ГТЦ, односно трговскиот центар „Ист гејт“.
По невремето кое го зафати Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, информираат од градската самоуправа.
Ова се мал дел од фотографиите кои сведочат за хаосот во главниот град: