
Огромна риба „толстолобик“ денеска беше извадена од водите на езерцето во градскиот парк во Скопје кај кафулето „Централ Парк“.
Фотографиите и видеото се објавени на социјалните мрежи.Рибата откако беше извадена снимана и фотографирана беше ставена во кајак наполнет со вода.
Според коментарите на социјалните мрежи, рибата тежела над 15 килограми.
Инаку деновиве се врши чистење на езерцето во градскиот парк во Скопје.