(Фото) Најдобриот тим на ЕП 2024

Шпанија е победник на 17. Европско првенство на кое домаќин беше Германија, триумф со кој земјната од Пиринеите испиша историја, рекорд затоа што сега е осамена на врвот со четири пехари на овие турнири.

Избраниците на Де Ла Фуенте во големото финале ја надиграа Англија и заслужено славеа со 2-1 со головите кои ги постигнаа Вилијамс и Ојарзабал.

Овие изданија, партии на Шпанците им донесоа и најмнногу претставници во тимот на турнирот и тоа во изборот на Опта-компанијата за спортска аналитика.

Пет играчи се од шампионскиот тим,имаме двајца Германци и по еден фудбалер од Англија, Швајцарија, Грузија и Холандија.