Еден полицаец загина денеска во напад во Москва, додека друг е повреден, соопштија руските служби за итни случаи.
Вториот полицаец кој беше нападнат е на интензивна нега, пренесува РИА.
Се уште не се познати напаѓачите на полицајците.
Локалната ТВ РЕН доби фотографија од напаѓачот кој застрела двајца полицајци на селски пат во Фрјаново во близина на Москва и побегна.
Човекот, најверојатно, сега се движи кон Санкт Петербург, по автопатот М-11.