
(ФОТО) Масовен протест за поддршка на екс лидерите на УЧК сред Скопје
Илјадници граѓани се собраа попладнево на плоштадот „Скендербег“ во Скопје на протестот за поддршка на поранешните лидери на УЧК.
Илјадници граѓани се собраа попладнево на плоштадот „Скендербег“ во Скопје на протестот за поддршка на поранешните лидери на УЧК.

Со албански знамиња, но и фотографии на поранешните водачи на УЧК на кои им се суди во Хаг се изрази незадоволство од, како што велат организаторите, „неправичниот процес“ против поранешните команданти.

Протестот за поддршка на поранешните водачи на УЧК на кои им се суди во Судот во Хаг е организиран од лидерот на ДУИ – Али Ахмети.
„По Приштина и Тирана, сега и Скопје ќе зборува за вистината и правдата! Војната на ОВК беше и останува праведна, ослободителна и поддржана од демократскиот свет. Правдата за борците за слобода не може да се гради врз политички обвинувања и измислени докази од страна на Србија и Русија. Како што бевме покрај борците на ОВК во Приштина и Тирана, така ќе застанеме и во Скопје, горди и решителни во одбрана на нашата вистина“ – напиша Ахмети во поканата.


Преземено од Фокус