(ФОТО) Македонскиот фудбал со цени како во германската Бундеслига
Македонски фудбал со Бундеслигашки цени, како во најдобрата германска лига. Струга ТЛ, македонскиот шампион ќе наплаќа билет по 1200 денари.
Управата на фудбалскиот шампион, екипата на Струга Трим Лум, одреди помалку несекојдневна цена на билетите за реванш-мечот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите (ЛШ) против Жалгирис (18 јули), која е повеќекратно повисока дури и од тие за средбите на репрезентацијата на Македонија.
Средбата ќе се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, а билетите се веќе пуштени во онлајн-продажба. Стружани во оптен имаат 800 влезници, од кои досега е продадена само една.
Како „оправдување“ за неверојатната цена за македонски услови може да биде фактот што со секој купен билет ќе се добие и тимска маичка.