(Фото) Костадинов: Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била чиста, питка и биохемиски исправна

Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го зборувавме цела година во врска со водата за пиење во Струмица. Агенцијата за храна и ветеринарство лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправност на водата, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Тој ја објави пресудата на Апелацискиот суд од Штип и како што напиша „ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да остават цел град без вода само за да предизвикаат криза која потоа ќе ја користат за сопствени политички потреби“.

-За рејтинг се спремни да ги лажат луѓето дека не треба да пијат вода. Срам, мизерија и ниски страсти. Водата е чиста, питка и биохемиски исправна. За ваквите лаги на АХВ Општина Струмица и јас ќе поднесеме и кривична пријава до директорот на АХВ поради предизвикување на страв и паника кај населението, кое иако имаше питка вода за пиење, му беше забранувано и беше плашено да не ја пие, напиша струмичкиот градоначалник.

Инаку, лани од крајот на септември до крајот на октомври водата за пиење во Струмица беше забранета за употреба заради зголемено присуство на манган, а квалитетот на водата од водоводната мрежа отстапувал од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење.