Од страна на eзерската полиција, катамаранот е вратен во пловна состојба, а лицата се транспортирани на копно, до сместувачкиот објект, велат од Министерството за внатрешни работи
На два километри од брегот на Охридското езеро, полицијата пронашла превртена едрилица на која имало три лица.
Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во непосредна близина, во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер.
Потрагата по нив започнала попладнево, по пријава за превртен пловен објект во водите на Охридско езеро.
„Од страна на eзерската полиција, катамаранот е вратен во пловна состојба, а лицата се транспортирани на копно, до сместувачкиот објект“, велат од Министерството за внатрешни работи.