(Фото) Дури и дел од новите броила немаат евтина струја

На социјалните мрежи се споделуваат две фотографии направени после 13 часот кога треба да има евтина струја, а на кои се гледа дека броилото работи во скапата, а не евтината тарифа.

Броилото е од новите, што значи не спаѓа во групата броила чии домаќинства ќе останат без евтина струја затоа што се од стар тип кај кои треба рачно подесување.

Тоа покажува дека и кај новите броила процесот не се одвивал автоматски, односно дека не сите домаќинства кои имаат од таквите броила користат ефтина струја во периодот меѓѕ 13 и 15 часот.

Инаку, како што забележувате на втората фотографија, стрелката покажува на Т1, што значи скапа тарифа, наместо на Т2 што значи евтина тарифа.