(Фото) Додик ја прослави изборната победа на Путин

Палатата на Република Српска во Бања Лука во понеделникот беше осветлена во боите на руското знаме, поради победата на Владимир Путин на претседателските избори во Русија.

Претседателот на Република Српска – Милорад Додик синоќа на социјалната мрежа Х му го честиташе на Путин петтиот мандат на чело на Руската Федерација.

„Му честитам на претседателот Путин, драг пријател на Република Српска и на српскиот народ, за неговиот нов мандат. Му посакувам добро здравје, сила и истрајност на патот да ја спаси Русија и да донесе мир и подобра иднина на целиот свет“, напиша Додик.

И покрај тоа што Русија има бројни санкции од Европската унија и западните осуди за инвазијата на Украина, а на Додик му беше кажано дека блиските врски со Русија не се компатибилни со европскиот пат, Додик сепак не се откажува од блиските средби со Путин.

Додик се најде и на црната листа на САД и Велика Британија.