(Фото) Димитриевски собрал повеќе потписи од Османи – еве до колку потписи стигнаа претседателските кандидати

Максим Димитриевски го претрка Бујар Османи по собрани потписи. Иако тие ја исполнија квотата од потребни 10.000 за да се кандидираат за претседател, сепак, гласањето за нив продолжува. Заклучно со вчера за Димитриевски се потпишале 11391, додека за Османи 11067. Арбен Таравари има собрано 10641.

Помалку од 1.000 потписи и недостасуваат на професорката Билјана Ванковска за да стаса до потребната бројка и да се вклучи во тркаата. Заклучно со вчера вечерта до 20 часот има собрано 9.085 потписи.

Од одтнатите кандидати Стевчо Јакимовски до истиот период, според податоците од ДИК, собрал 7994 потписи, Вели Марковски 1087, Мерсиха Смаиловиќ 977, Ѓорги Манасков има 323, Зорица Цветковска 105, Господин Попоски 63, додека Томе Николоски и понатаму е без гласови.