(Фото) Грција во 2024 година: Пожари, избори, но и легализација на истополовите бракови

Пожари, топлотен бран, победа на Нова демократија на европските избори, но со значително намалена поддршка, опозициски партии во криза, легализација на истополовите бракови, „мирни води“ во грчко-турските односи, пораст на криминалот и случаите на семејно и врсничко насилство, се дел од најважните настани во Грција што ја одбележаа 2024 година.

Пожари, топлотен бран, победа на Нова демократија на европските избори, но со значително намалена поддршка, опозициски партии во криза, легализација на истополовите бракови, „мирни води“ во грчко-турските односи, пораст на криминалот и случаите на семејно и врсничко насилство, се дел од најважните настани во Грција што ја одбележаа 2024 година, јави дописничката на МИА од Атина.

На средината на февруари Грција стана 16 земја во ЕУ, 37 во светот, прва на Балканот, но и прва православна земја што ги легализира истополовите бракови, откако владејачката партија и дел од опозициските го изгласаа конкретниот предлог закон.

Истополовите бракови предизвикаа реакции во Грција и позитивни и негативни, а не изостанаа и протестите и „за“ и „против“ законот.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, припадници на ЛГБТ+ заедницата тогаш рекоа дека изгласувањето на законот е од особена важност, не само за нив лично, туку и за човековите права во земјата.

Едните со знамиња во боите на виножитото, симбол на ЛГБТ+ заедницата, другите со темјан и молитви – во центарот на Атина се одржаа одвоени собири „за“ и „против“ законот за истополови бракови

Последиците од климатските промени, од година во година се сè поизразени во Грција, минатото лето беше најжешкото во историјата на Грција, а топлотниот бран траеше речиси цело лето, почнувајќи многу порано од претходно, на средината на јуни, кога беа измерени рекордни. 44,5 степени Целзиусови.

Нешто помалку од 50.000 хектари изгореа во текот на 2024 година во пожарите во Грција, од кои најголем беше оној во северниот дел на областа Атика поширокиот регион на Атина, а огнените јазици се ширеа толку брзо што стигнаа и до урбана населби, додека пак чадот го покри речиси целиот град.

Во тек е голем пожар во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, што поради силниот ветер брзо се прошири, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени неколку пораки за евакуација

Минатата година во Грција започна со мини реконструкција на Владата, а што се повтори и по европските избори во јуни кога Нова демократија иако ја задржа првата позиција, сепак освои 28,3 проценти од гласовите, наспроти речиси 41 отсто на парламентарните избори една година претходно.

На европските избори за првпат беше спроведено поштенското гласање, кое засега, важи само за евроизбори и референдуми, а им дава можност на сите, без разлика дали живеат во странство или во Грција, да гласаат по пошта.

Сепак владејачката партија, на сите истражувања на јавното мислење, не само во 2024 година, туку и во изминатите години е стабилна на првата позиција, факт што веројатно се должи и на проблемите со кои се соочуваат опизициските партии, со оглед на тоа што СИРИЗА се најде пред распад, го разреши претседателот и бираше нов, а избори за партиски лидер одржа и ПАСОК.

Во СИРИЗА, со одлука на Политичкиот секретаријат беше разрешен лидерот Стефанос Каселакис, по само една година на позицијата, по што се одржаа избори, на кои победи Скоратис Фамелос, меѓутоа партијата остана со 26 од 47 пратенички места, откако пратениците кои си заминаа или станаа независни или се дел од пратеничката група Нова левица.

Со загубата на пратенички места, ја загуби и позицијата главна опозиција и падна на третото место, со оглед на тоа што ПАСОК има 31 пратеник и е втора политичка сила во Грција, а лидерот Никос Андрулакис на партиските избори во октомври одново ја добри довербата од членовите и симпатизерите.

Во надворешната политика, ставот на официјална Атина е дека е столб на стабилност и безбедноста во поширокиот регион и може да има протагонистичка улога не само на Балканот, туку и во Источниот Медитеран.

Минатата година во фокусот беа не само војната во Украина, во која Атина континуирано ја изразува поддршката за Киев, ситуацијата на Блискиот Исток, туку и односите со соседите, особено со Северна Македонија и почитувањето на Договорот од Преспа и со Албанија, поради случајот со осудениот градоначалник на албанскиот град Химара Фреди Белери, кој по европските избори и беше ослободен и стана европратеник со Нова демократија.

Белери, кој е припадник на грчкото малцинство во Албанија, доби двегодишна затворска казна за купување гласови и уапсен два дена пред изборите во мај 2022 година, а иако во притвор беше реизбран за градоначалник на јужното приморско гратче Химара, но не даде заклетва во предвидениот законски рок, по што беа спроведени дополнителни избори.

Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис беше кандидат за европратеник и обезбеди место во ЕП по европските избори во јуни.

Поради случајот со Белери, Грција упатуваше пораки до Албанија дека европскиот пат на земјата поминува преку Атина и посочуваше дека станува збор за прашање што не е билатерално и е поврзано со владеењето на правото и правата на малцинства.

Откако доби петдневна дозвола за излез од албанскиот затвор за да положи свечена заклетва како нов европратеник, градоначалникот на Химара, осуден на затворска казна Фреди Белери денеска во А

Грчко-турските односи, по потпишувањето на Атинската декларација на крајот од 2023 година, значително се подобрија, според официјалните ставови, на нула се сведени турските прекршувања на грчкиот воздушен простор, постои комуникација во справувањето со мигрантските бранови, а турските државјани имаат експрес визи за неколку грчки острови што се во близина на турското крајбрежје.

Каналите на комуникација меѓу Атина и Анкара се отворени, а средбите на високо ниво се зачестени, грчкиот премиер во мај беше во Турција каде што се сретна со турскиот претседател, а Мицотакис и Ердоган остварија средби и на маргините на НАТО Самитот во Вашингтон, како и на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Се договоривме да ја интензивираме соработката за во мигрантското прашање во следниот период за разбивање на мрежите на криумчарите, кои ги доведуваат во опасност човечките животи, напиша на

Меѓутоа, и покрај подобрената соработка во мигрантското прашање, сепак во Грција минатата година беа зголемени брановите, а мигрантите и бегалците тргнуваа и од Либија.

Согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил на Грција, заклучно со ноември 2024 година, за 25 отсто се зголемил бројот на пристигнувања во споредба со лани и изнесува 51.620 лица.

Високи извори од Министерството, на крајот на октомври брифираа дека нивната процена е дека до крајот на годинава околу 50.000 ќе биде бројот на пристигнувања во земјата, додека во однос на балканската рута посочија дека ситуацијата со бегалците и мигрантите е стабилна и за разлика од пристигнувањата по морски пат, не се забележуваат зголемувања, но посочуваат дека состојбата се следи и од безбедносни причини поради опасноста меѓу бегалците од јужен Либан да има борци од Хамас или Хезболах.

Во морскиот регион североисточно од грчкиот остров Лезбос, утрово, според грчката крајбрежна служба, имало три инциденти со турски патролни бродови, од кои два се однесувале на чамци со мигра

Во изминатата година беше зголемен бројот на случаи на насилство, како на семејно така и на врсничко, а според портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду во 2024 година имало речиси двојно повеќе пријави за семејно насилство во споредба со една година претходно, посочи дека во полицијата оваа бројка ја гледаат и позитивно, „токму затоа што овие жени пријавуваат дека биле малтретирани во минатото, но сега наоѓаат сила да стигнат до полицијата и да пријават“.

За насилството меѓу малолетниците грчката Влада спроведува и најави дека ќе имплементира дополнителни мерки, во април беше промовирана специјалната платформа „Stop bullying“ преку која може родителите и учениците да пријавуваат врсничко насилство, но и да се информираат, а од почетокот на учебната година ја забрани употребата на мобилниот телефон за време на наставата.

Специјална платфрома за пријавување врсничко насилство казни за насилниците, поделба на отсуствата на оправдани и неоправдани, се дел од националната стратегија на грчката Влада за борба со в

Од другите настани што ја одбележаа 2024 година во Грција е и метрото во Солун, кое од крајот на ноември и официјално е во пуштено во употреба по речиси 18 години од почетокот на изградбата, линија е во должина од 9,6 километри, има 13 модерни станици, 18 најсовремени автоматски метроа без возач, но со придружник и максималниот капацитет е 18.000 патници на час во еден правец.

По речиси 18 години од почетокот на изградбата, метрото во Солун од денеска е во функција, а беше пуштено во употреба, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во присуство на претседателка

Во пресрет на Летните Олимписки игри во Париз, во античка Олимпија, традиционално, од зраците на сонцето беше запален Олимпискиот оган, кој откако за 11 дена помина 5.202 километри и 563 наутички милји низ цела Грција им беше предаден на организаторите.

Од Санторини на Акропол, од Акропол низ атинските улици, преку Министерството за одбрана, Грчкиот олимписки комитет и Олимпискиот стадион - олимпискиот оган откако во вторникот беше запален в

Минатата година не изостанаа ниту протестите, а одредени беа и масовни, како оние на земјоделците кои блокираа автопатишта и гранични премини, а со тракторите пристигнаа и пред грчкиот парламент во центарот на Атина, додека пак студентите над два месеци, секој четврток протестираа против отворањето приватни факултети.

(МИА)