(Фото) Георгина излезе на писта во фустан направен од дресот на Роналдо
Георгина Родригез, избраничката на славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, предизвика големо внимание на модната недела во Париз. Таа ја остави публиката без зборови.
Атрактивна црнка се појави на модната писта во специјален црвен фустан направен од дресот на Кристијано Роналдо.
На предната страна стоеше презимето Роналдо и бројот седум со потписот на славниот фудбалер, а на задната страна беше испишана посебна посвета:
„За љубовта на мојот живот, Георгина и Ветемен“ потпишан од Кристијано Роналдо.
Тоа беше еден од дресовите што Португалецот ги носеше за време на неговиот престој во Манчестер Јунајтед, иако грбот на англискиот клуб не беше видно истакнат.