(Фото) Близначки родени во две различни години – едната во 2022-ра, другата во 2023-та

Родители од Тексас им посакаа добредојде на близначки кои се родени во различни денови и во различни години.

Кали Џо Скот од Дентон ја родила својата прва ќерка, Ени Џо, во 23:55 часот на 31 декември. Тоа е последното бебе родено во Тексас во 2022 година.

Само шест минути подоцна, во 00:01 часот на 1 јануари, пристигна нејзината сестра Ефи Роуз, што ја направи првото новороденче во болницата во 2023 година.

Кали требало да направи царски рез на 11 јануари, но на 29 декември била хоспитализирана поради проблеми со крвниот притисок.

На денот на Нова Година, лекарите донеле одлука да ја породат со царски рез две недели порано, што доведе до различни родендени на близначките.

Новите родители никогаш нема да ја заборават оваа новогодишна ноќ.