Фотографија од сторителот на масовното убиство во Црна Гора, бројот на жртви порасна на седум

Ацо Мартиновиќ денеска изврши масовно убиство во Цетиње и избега. Во тек е голема полициска потера. Полициската управа на Црна Гора објави фотографија од осомничениот Ацо Мартиновиќ.

Седум лица, меѓу кои две деца, се убиени, а неколку се ранети денеска во Цетиње, кога вооружен маж пукал врз нив, по што избегал и засега е недостапен за полицијата.

Радио-телевија Црна Гора објави дека осомничен за убиствата е Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње. Според полицијата, тој пукал и убил најмалку четири лица, меѓу кои неколку членови на едно семејство, по расправија во кафуле во цетињската населба Баица.

По пукањето во кафулето, осомничениот убил уште неколку лица, меѓу кои и деца.

Мартиновиќ е вооружен и е во бегство, а полицијата трага по него и ја објави неговата фотографија.

Цетиње е под полициска опсада и специјални полициски сили се испратени во градот.

Цетињани се вознемирени, а полицијата апелира до граѓаните да останат смирени и во своите домови, бидејќи лицето е вооружено и опасно.

Според првичните сознанија на полицијата, убиството не е поврзано со криминални пресметки.