Утрово се случил атентат во Австрија каде убиен е Франц Хофер, градоначалник на општината Кирхберг.
Според првичните информации, се претпоставува дека градоначалникот бил убиен на ливада во Алтенфелден, општина која граничи со Кирхберг об дер Донау.
Во истиот кварт е пронајдена и втора жртва, додека медиумите јавуваат дека е пронајдено и трето тело, но сепак полицијата не ја потврди оваа информација.
Осомничениот сторител е во бегство, а се работи за ловџија за кој се верува дека е вооружен со долга пушка.
Според граѓаните во оваа област, напаѓачот е познат како „тежок“ човек.
Ловџиите велат дека и претходно имал проблеми со заштитата на природата и животните.
Пукано во градоначалникот од далечина од 500 метри?
Полицијата ги предупредува граѓаните дека убиецот кој е ловџија е многу опасен и дека не треба да излегуваат од домовите.
Тој наводно пукал во градоначалникот од далечина од 500 метри, криејќи се во блиската шумичка, пишува „Кронен цајтунг“.
Убиен австриски градоначалник, голема полициска акција за пронаоѓање на осомничениот