Форумот за разумни политики побара од Судскиот совет да отвори предмет за судијката Даниела Димовска

Форумот за разумни политики го објави првиот анализиран случај во рамки на Индексот за политички интегритет, чија цел е јавно адресирање на прашања поврзани со интегритетот, етиката и одговорноста на носителите на јавни функции.

Форумот за разумни политики го објави првиот анализиран случај во рамки на Индексот за политички интегритет, чија цел е јавно адресирање на прашања поврзани со интегритетот, етиката и одговорноста на носителите на јавни функции.

Првиот случај се однесува на в.д. претседателката на Основниот кривичен суд во Скопје, Даниела Димовска, во контекст на судските постапки поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Димовска е сестра на еден од обвинетите за Кочани, инспекторот во УЈП, Драган Паунов.

Анализата ја оценува состојбата во категоријата етичка култура, при што, врз основа на јавно достапни факти и утврдени индикатори, е доделена негативна вредност во рамки на Индексот.

Во документот се нотираат индиции за можен конфликт на интереси и околности што можат да влијаат врз довербата на јавноста во правичното и неселективно постапување на судските институции.

Форумот за разумни политики упатува препорака до Судскиот совет да отвори предмет, да ги разгледа околностите наведени во анализата и, доколку утврди основ, да постапи во насока на заштита на интегритетот на судството и довербата на граѓаните во правдата.

Потоа, Форумот бара повлекување од функција на в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје со цел обезбедување доверба во процесот на судење на случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“. Дали в.д. претседателката Даниела Димовска знаела за вмешаноста на нејзиниот брат во претходната работа на дискотеката станува секундарно прашање. Со нејзиното неповлекување од функцијата, откако се отвара нова истрага и нејзиниот брат е осомничен, нејзиниот интегритет е потенцијално компромитиран поради можноста да влијае врз судењето и врз судиите на кои им е претпоставена.