
Форбс: Кајли Џенер е најмладата самостојно стекната милијардерка во светот
Кајли Џенер, најмладата членка на семејството Кардашијан, на само 21 година стана најмладата милијардерка во светот која самостојно го стекнала своето богатство, објави магазинот „Форбс“.
Кајли Џенер, најмладата членка на семејството Кардашијан, на само 21 година стана најмладата милијардерка во светот која самостојно го стекнала своето богатство, објави магазинот „Форбс“.
Џенер е основачка на козметичката компанија Кајли Козметикс (Kylie Cosmetics), која, според процените, во 2018 година остварила приход од околу 360 милиони долари. Вкупното нето богатство на Џенер се проценува на една милијарда долари. Со тоа, таа го надмина и основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, кој својата прва милијарда ја достигнал на 23-годишна возраст.
На најновата листа на „Форбс“ на милијардери помлади од 30 години се наоѓаат вкупно осум лица, од кои тројца самостојно го стекнале своето богатство. Меѓу нив се ирскиот претприемач Џон Колисон (29), коосновач на технолошката компанија Страјп („Stripe“), со проценето богатство од 2,1 милијарди долари, како и Еван Шпигел (29), коосновач на компанијата Снеп („Snap“), позната по социјалната мрежа Снепчет (Snapchat), со исто така проценето богатство од 2,1 милијарди долари.
Според истата листа, основачот на Амазон („Amazon“), Џеф Безос, и понатаму е најбогатиот човек во светот, а неговото богатство за една година е зголемено за 19 милијарди долари.