Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска ќе ја посети Босна и Херцеговина во рамки на регионалната турнеја низ Западен Балкан, соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
Посетата е во контекст на неодамнешната препорака на Европската комисија Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус со цел да се нагласи пораката дека иднината на земјата е во Европската унија.