Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија во интервју за австриски весници вели дека Србија мора да одлучи на чија страна ќе биде.
„Ние ја сакаме Србија со нас, но за тоа ни се потребни јасни докази дека таа земја ги дели нашите вредности, како на пример владеење на правото и демократијата, како и дека е против руската инвазија“ – порача Фон дер Лајен.