Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен повторно со повик до граѓаните на ЕУ да се вакцинираат.
„Засилувачката доза ни дава уште повисоко ниво на заштита од соодветна вакцинација, што ќе спречи многу хоспитализации и смртни случаи. Вакцинирањето против Ковид-19 спаси илјадници животи низ ЕУ. Не зафати нов бран и мораме да ја интензивираме вакцинацијата“, рече Фон дер Лајен во видео порака.
Европската комисија објави нови правила за патување меѓу земјите на ЕУ, според кои третата доза вакцина наскоро ќе стане задолжителна за да важат зелените сертификати.
Досега во ЕУ се издадени повеќе од 650 милиони сертификати.
Европа се соочува со нов бран на пандемии, а обидите на секоја земја да го спречи ширењето на инфекцијата изградија дополнителни мерки што се разликуваат не само од земја до земја, туку и по границата и внатрешноста на голем дел од државите.
За патување во повеќето земји во Европа се уште е доволен зелен сертификат за завршена вакцинација, прележана болест или негативен тест.