Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска предупреди дека постои „реален ризик“ конфликтот меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел да се прелее во целиот регион.
„Видовме арапски улици исполнети со гнев низ целиот регион. Затоа, ризикот од регионално прелевање е реален“, рече таа за време на говорот во Институтот Хадсон во Вашингтон, според Гардијан.
Претходно, Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се сретнаа со двопартиската делегација на американскиот Сенат, пред самитот ЕУ-САД.