Проширувањето на ЕУ е во нејзин интерес и ова треба да им се објасни на граѓаните, вели претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Според првиот човек на Комисијата, ЕУ ги засилила напорите кон одбранбена унија и ги зајакнала врските со сојузниците на НАТО и другите доверливи партнери.
„Руската војна против Украина докажа дека постои силна потреба Европа да се прилагоди на поопасна и понепредвидлива геополитичка средина,“ порача Фон дер Лајен.