„Одлуката на Русија да престане да испорачува гас за клиентите во Европа е „инструмент за уцена“.
Ова го изјави шефицата на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен и додаде дека потегот е „неоправдан и неприфатлив“ и ја покажува несигурноста на Русија како снабдувач со гас.
Таа рече дека земјите-членки на ЕУ имаат планови за вонредни ситуации за вакво сценарио и оти Европската комисија е во близок контакт со нив за да обезбеди алтернативни испораки и најдобри можни нивоа на складирање низ целата Унија. Фон дер Лајен информира дека е во тек состанок на координативната група за гас за да се утврди координирана реакција на ЕУ.
„Ние, исто така, ќе продолжиме да работиме со меѓународните партнери за да обезбедиме алтернативни текови – и ќе продолжам да работам со европските и светските лидери за да се обезбеди безбедност на снабдувањето со енергија во Европа. Европејците можат да сметаат на нашата целосна поддршка“ рече таа.