Фон дер Лајен и Борел се во Киев, ќе се сретнат со Зеленски

Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската Комисија пристигна во Киев, во Украина, на средба со украинскиот претседател – Володимир Зеленски. Таа на Твитер објави фотографија на која излегува од Владата во главниот град на Украина.

Во Киев со Фон дер Лајен е и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој претходно напиша на Твитер. „На пат кон Киев“.

https://twitter.com/vonderleyen/status/1512303926032359428?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512303926032359428%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd183d180d181d183d0bbd0b0-d184d0bed0bd-d0b4d0b5d180-d0bbd0b0d198d0b5d0bd-d0b8-d0b1d0bed180d0b5d0bb-d0bfd180d0b8d181d182d0b8d0b3d0bdd0b0%2F

Минатиот месец словенечкиот премиер Јанез Јанша заедно со премиерите на Полска и Чешка – Матеуш Моравјецки и Петер Фиала беа првите странски лидери кои го посетија Киев по почетокот на руската инвазија на 24. Февруари годинава.