Фон дер Лајен: ЕУ размислува да го замени рускиот течен со американски гас

Европската унија може да ја разгледа можноста за замена на увозот на руски течен природен гас со увоз од САД, изјави пред новинарите претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по неформалниот самит на ЕУ во Будимпешта.

„Сè уште добиваме големи количини течен природен гас од Русија. Зошто да не го замениме со американски гас, кој за нас е поевтин и ќе ја намали цената на енергијата“, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека пристапот на ЕУ кон трговијата откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата ќе биде да изнајдат заеднички ангажмани и заемни интереси и да се преговара.