Фон дер Лајен: Европската народна партија ќе изгради бастион против екстремите и на левицата и на десницата

Десничарската Европска народна партија (ЕПП) ќе изгради бастион против екстремизмот и од левицата и од десницата, изјави претседателката на Европската Комисија и членка на ЕПП, Урсула фон дер Лајен.

„Не може да се формира мнозинство без ЕПП и заедно ќе изградиме бастион против екстремите од левицата и десницата“, рече фон дер Лајен, објави Ројтерс.

Таа зборуваше кратко по затворањето на гласачките места во Германија и прогласи победа на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ).