Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел најави дополнителна помош од 25 милиони евра за Палестинците во Појасот Газа.
Ова ја зголеми вкупната европска хуманитарна помош на 100 милиони евра за цивилите во Газа.
Фон дер Лајен пред европските амбасадори зборуваше за формирање на поморски коридор од Кипар за редовен транспорт на хуманитарна помош до Појасот Газа.
Според оценката на претседателот на Европската комисија, оваа помош е „прашање на живот и смрт за илјадници Палестинци“.
Таа подвлече дека е важно да се направи се за да се избегне регионален конфликт.