Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе посети шест држави.
В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа.
В четврток таа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Северна Македонија, а ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина.
В петок таа ќе отпатува за Србија, додека балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.