
Фондот за здравство и ПМФ склучуваат договор за унапредување на молекуларната онколошка дијагностика
Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и деканот на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Даворин Трпески, денеска во просториите на ПМФ ќе потпишат договор за унапредување на молекуларно - дијагностичките капацитети во земјата, со директно влијание врз современото и персонализирано лекување на онколошките пациенти.
Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и деканот на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Даворин Трпески, денеска во просториите на ПМФ ќе потпишат договор за унапредување на молекуларно – дијагностичките капацитети во земјата, со директно влијание врз современото и персонализирано лекување на онколошките пациенти.
Со склучениот договор, како што информираат од ФЗО, Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе започне со изведување напредни молекуларно-дијагностички анализи, пред сè преку примена на генски панели за таргетирано, масивно паралелно секвенционирање од новата генерација (NGS) кај различни онколошки состојби.
-Оваа современа методологија овозможува прецизно и навремено детектирање на генски мутации, клучни за изборот на целна онколошка терапија, следење на текот на болеста, прогнозата и други релевантни клинички параметри. Комбинацијата од најсовремена опрема и високостручен кадар со долгогодишно искуство ќе придонесе за поефикасно одговарање на зголемените потреби од молекуларно-онколошки анализи во здравствениот систем, велат од ФЗО.
Со овој договор се проширува националната мрежа за молекуларно-дијагностички услуги за онколошки пациенти, што претставува важен системски исчекор во насока на модерна, прецизна и достапна здравствена заштита.