Фондот за здравство за 12 години за заштита на системот потрошил 3 милиони евра само во Некстсенс

Друштво за информатичка технологија Некстсенс од 2011 година до денес е редовен добитник на тендерите на Фондот за здравствено осигурување.

Тие се поврзани со софтверските решенија на информатичкиот систем на ФЗОМ и нивна надградба и одржување. Вредноста на овие 14 договори е безмалку три милиони евра.

Тоа се добиени тендери во вредност од 2,90 милиони евра. Последниот од тие 14 договори, овојпат за одржување и надградба на софтверско решение од новиот централизиран ИТ-систем и веб портал на Фондот бил потпишан на 23 јануари годинава, на една година во вредност од околу 172 илјади евра.

Од Фондот за здравствено осигурување на Македонија упорно се обидуваат да ја убедат македонската јавност дека огромниот број на податоци биле само енкриптирани. Хакерите бараат милионска сума за ја дадат шифрата за отклучување на сите овие податоци.

Премиерот Ковачевски потврди дека се работи за барање откуп.

За да се среди оваа ситуација биле ангажирани и експерти од Германија.

ФЗО едноставно не може да ги врши обврските кон пациентите затоа што неговиот централизиран компјутерски ситем е надвор од функција. Нема плати за здравствените работници, пациентите не можат да отворат боледување, не можат да си ги вратат парите за да биде исплатено боледувањето, доцнат исплатите и на породилните отсуства, пациентите не можат да добијат никакви ортопедски помагала.

Од Фондот ветуваат дека работите ќе се средат веќе од понеделник.

Директорката на ФЗОМ Магдалена Филиповска-Грашкоска молчи и не дава никакви изјави.