Фокус: Преживеан од „Пулс“ со преврзана глава на судење очи в очи со Дејан Јованов

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ еден од оштетените пред судскиот совет се појави со преврзана глава. Ги лекува повредите здобиени во пожарот.

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ еден од оштетените пред судскиот совет се појави со преврзана глава. Ги лекува повредите здобиени во пожарот.

Тој пред судот изјави дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите, па истакна дека оштетното побарување ќе го остварува во граѓанска постапка.

Тој е првиот преживеан кој се сретна очи в очи со првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката.

Тој е само еден од вкупно 222 повреди лица кои таа ноќ се бореа за живот во „Пулс“.

Преземено од Фокус