Флоријан Бибер: „Отворен Балкан“ има смисла само ако целиот Западен Балкан е таму!

Флоријан Бибер – професор на Универзитетот во Грац за иницијативата „Отворен Балкан“ вели дека идејата за регионална соработка не е лоша, но дека има проблеми бидејќи не се вклучени сите земји од Западен Балкан.

„Идејата за регионална соработка не е лоша, секаков вид соработка е добредојдена, но има проблеми, бидејќи не се сите вклучени, а без целиот Западен Балкан соработката е проблематична. Берлинскиот процес имаше своја предност бидејќи ги вклучи членките на ЕУ и тоа е многу важно, додаде тој. Како што наведе, има сомнежи дека нивните мотиви навистина се регионалната соработка и добрососедските односи. – Гледаме преку нивните постапки дека ги креваат тензиите во регионот, во таа смисла не можам да верувам дека се за добра соработка. А намерите се повеќе пропаганда, да се продаде на Запад – добри сме, ние сме партнери и со тоа одвраќање од клучните проблеми – недостигот на демократија и владеење на правото“ вели Бибер.

Тој потсетува дека преговорите со Албанија и Северна Македонија се блокирани од некои земји од ЕУ, додека Србија не е блокирана поради билатерален спор.

„Мора да има јасна порака дека Отворениот Балкан има смисла само ако целиот Западен Балкан е таму“ – рече Бибер.

За европскиот пат на Западен Балкан, ставот на Бибер е: Тој пат ќе трае, зависи од ситуацијата во регионот и во ЕУ. Има неколку начини – исполни ги условите и ќе бидете член, Унгарија вели биди наш партнер и постапувај како нас и ние ќе се заложиме за членство. Другите земји нема да дозволат такво членство. Сите земји мора да се согласат за членство“.