Флорида се подготвува за ураган од четврта категорија, властите со апел: Ако не сте евакуирани, мора да го сторите тоа сега!

Се прогнозира дека брегот на Мексиканскиот залив во американската сојузна држава Флорида денеска ќе го зафати невремето „Идалија“ и силен дожд, а ветерот ќе достигне јачина на ураган од четврта категорија.

Од вторникот вечерта беа издадени задолжителни наредби за евакуација во најмалку 28 од 67 окрузи на Флорида, објави Ројтерс.

„Ако не сте евакуирани, треба да го направите тоа сега“, рече шефот на Управата за итни случаи на Флорида, Кевин Гатри.

Предупредувањата за урагани се издадени за повеќето од 21 милион жители на Флорида, како и за многумина во соседните американски држави Џорџија и Јужна Каролина.

Вонредна состојба е на сила во сите три држави.

„Идалија“ постигна брзина од 177 километри на час додека се движеше кон брегот на Флорида.

Заливскиот брег на Флорида, југоисточна Џорџија и источна Северна и Јужна Каролина се прогнозира да наврнат од 10 до 20 сантиметри дожд на метар квадратен до четврток, предупреди центарот за урагани.

Центарот предупреди дека островите и пониските делови на брегот ќе бидат поплавени.