
Две лица загинаа, а четири се повредени кога хеликоптер на спасувачката служба се урна во станбена област во американската сојузна држава Флорида.
Медицински спасувачки хеликоптер се запали и се распадна кратко по полетувањето во понеделникот, пред да удри во станбен комплекс во близина на градот Форт Лодердејл, јавува АП.
Две лица загинаа – капетанот на авионот и еден жител, а четворица се повредени – двајца од авионот и двајца од станбениот комплекс, соопштија властите.