ФК Вардар бара итна смена на комесарот за делегирање судии и воведување ВАР
Фудбалскиот клуб Вардар иницира итна смена на Миле Ристевски, комесарот за делегирање судии при Фудбалската федерација на Македонија.
Фудбалскиот клуб Вардар иницира итна смена на Миле Ристевски, комесарот за делегирање судии при Фудбалската федерација на Македонија.
– Ние како клуб вината за неуспесите и поразите ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица, констатиравме дека во изминатите 13 кола Вардар е најоштетен во однос на судиските грешки. Оставаме органите и телата на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти.
Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка за ИТНА смена на Ристевски и воведување ВАР за следната сезона, стои во соопштението на ФК Вардар.
Од таборот на „црвено-црните“ очекуваат со евентуална промена на комесарот да се зголеми транспарентноста и одговорноста , како и модернизирање и зајакнување на судскиот систем во македонскиот фудбал.